HomeЗанимливостиЗапочнува Страдалната седмица: Денови посветени на страдањата на Исус Христос

Започнува Страдалната седмица: Денови посветени на страдањата на Исус Христос

- Advertisement -spot_img

Последната недела пред најголемиот христијански празник Велигден е позната како Страдална или Страстна седмица. Овој период е посветен на споменот на последните денови од земниот живот на Спасителот Исус Христос, Неговите страдања, смртта и погребението. Името потекнува од црковно-словенскиот збор „страст“, што означува мака и страдање.

Оваа недела се нарекува и Велика седмица поради значењето на настаните кои се случиле во неа. Светата Црква преку посебни богослужби ги пренесува библиските содржини, зближувајќи ги пророштвата од Стариот и настаните од Новиот завет. Свети Јован Златоуст го објаснува значењето на овие денови:

„Во таа седмица е пресудена древната тиранија на ѓаволот, победена е смртта, врзан е силниот (ѓаволот) и уништено неговото оружје, искупен е гревот, симната е клетвата и рајот е отворен. Тогаш небото престанало да биде недостапно. Луѓето се зближиле со ангелите. Оттргната е преградата што ги разделувала луѓето од Бога. Границите се избришани. Бог на мирот ги измирил небесното и земното“.

Традицијата налага во овој период христијаните да ги зголемат молитвите и постот, практикувајќи дела на милосрдие и љубов. Низ историјата, во овие денови се прекинувале сите судски спорови и обвиненија, а во духот на простувањето се ослободувале и затвореници кои немале направено големи престапи.

Верниците во текот на Страдалната седмица поминуваат повеќе време во храмовите. Особено значајни се попладневните богослужби на Велики Четврток и Велики Петок, како и пречекот на Воскресението во сабота навечер. Во овој период свештениците носат црни одежди, а не се вршат панихиди и помени.

Во однос на исхраната, црковните правила предвидуваат строг пост. Според Посниот триод и одлуките на Шестиот Вселенски собор, се практикува употреба на сува храна, а постот трае сè до завршувањето на велигденската литургија во сабота на полноќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img