домаМакедонијаЗапленети 5.000 штеки цигари на Богородица – српски државјанин приведен за криумчарење

Запленети 5.000 штеки цигари на Богородица – српски државјанин приведен за криумчарење

- Advertisement -spot_img

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на голема количина цигари, при што беа запленети 5.000 штеки без акцизни маркички, чија проценета вредност изнесува околу девет милиони денари. Во акцијата е приведен возачот на товарното возило, српски државјанин, против кого е поднесена кривична пријава.

Според информациите од Царинската управа, камионот бил пријавен за транзит од Грција кон Србија, а според приложената документација превезувал градежен материјал – камена волна.

При извршената детална контрола, царинските службеници откриле дека над палетите со пријавената стока биле сокриени 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари. Вкупно биле пронајдени 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени во царинската документација.

Возачот на камионот е лишен од слобода, а против него до Основното јавно обвинителство во Гевгелија е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

Од Царинската управа истакнуваат дека со оваа акција уште еднаш ја потврдуваат својата определба за сузбивање на нелегалната трговија со тутунски производи и за спречување на прекуграничниот криминал.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img