HomeМакедонијаЗаменик министерот за внатрешни работи, Aстрит Исени, учествуваше на 10. јубилејна Регионална...

Заменик министерот за внатрешни работи, Aстрит Исени, учествуваше на 10. јубилејна Регионална конференција за безбедносна координација во Западен Балкан

- Advertisement -spot_img

Заменик министерот за внатрешни работи, Aстрит Исени, денеска учествуваше на 10. јубилејна Регионална конференција за безбедносна координација во Западен Балкан, организирана од Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, заменик министерот Исени ја потенцираше важноста на регионалната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици, нагласувајќи ја посветеноста на Министерството за внатрешни работи кон унапредување на довербата во институциите, транспарентноста и ефикасноста во работењето.

„Стабилен и безбеден Западен Балкан претставува предуслов за европска интеграција и долгорочна стабилност на целиот континент. Реформите мора да бидат видливи, мерливи и транспарентни – со јасни политики, поефикасни истраги, силни механизми за внатрешен надзор, независен правосуден интегритет и реална полициска одговорност,“ истакна Исени.

На конференцијата присуствуваа високи претставници од владите на регионот, меѓународни партнери, експерти и претставници на граѓанското општество, со цел размена на искуства, добри практики и зајакнување на заедничките безбедносни политики во Западен Балкан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img