Законското решение за соодветна и правична застапеност денеска ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во прво читање. По бројните реакции од албанската опозиција за начинот како ќе се одлучува по законот, тој сепак ќе се носи во постапка со „Мал бадендер“, односно со гласовите на мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници.
Со предлогот, треба да се замени укинатиот балансер од Уставниот суд. Според одредбите, правичната застапеност во институциите треба да се заснова на реални податоци од последниот попис и на конкретните потреби за вработување.
Опозицијата од албанскиот блок обвинува дека овој закон не е добра замена на укинатиот балансер. Од СДСМ сè уште не се изјаснуваат дали се за или против, но на комисиската расправа дадоа свои забелешки.








