домаСветЗакерберг: САД мора внимателно да размислат ако сакаат да бидат лидери во...

Закерберг: САД мора внимателно да размислат ако сакаат да бидат лидери во развојот на ВИ

- Advertisement -spot_img

Шефот на Мета, Марк Закерберг, ја повика американската влада да ја ублажи регулацијата на ВИ моделите со отворен код, со цел американските компании полесно да се натпреваруваат со кинеските ривали.

Мета денеска го претстави новиот модел Muse Glimmer, кој е значително помал од водечките ВИ модели и е наменет за таканаречена агентска вештачка интелигенција. Може да работи на персонален компјутер со само една графичка картичка.

Закерберг оцени дека САД мора повторно да ги разгледаат своите политики доколку сакаат американските компании да бидат лидери во моделите со отворен код. Според него, американските компании се соочуваат со дополнителни ограничувања во однос на податоците за тренирање на ВИ моделите.

Во трката со моделите со отворен код предничат кинески компании, меѓу кои Moonshot со Kimi K3, Alibaba со Qwen3.8-Max и DeepSeek со V4-Flash.

Закерберг исто така ја поддржа употребата на помоќни ВИ системи за тренирање помали модели, позната како дестилација на ВИ. Тој најави и дека Мета ќе воведе структура во која независни директори ќе имаат овластување да ги одобруваат безбедносните критериуми пред објавување на моделите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img