домаМакедонијаМВР ја појасни постапката: Административната селекција претходи на моторичките тестови

МВР ја појасни постапката: Административната селекција претходи на моторичките тестови

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кандидатот за вработување кој не бил повикан на проверка на моторичките способности не ја поминал административната селекција, која претставува прва фаза од постапката за избор.

Од МВР појаснуваат дека во административната селекција се проверува дали пријавата и доставената документација се целосни и дали кандидатот ги исполнува условите наведени во јавниот оглас. Доколку не ги исполнува пропишаните критериуми, постапката за тој кандидат завршува во оваа фаза.

Проверката на моторичките способности следува како наредна етапа од селекцискиот процес и на неа учествуваат само кандидатите кои успешно ја поминале административната проверка.

Од Министерството нагласуваат дека неповикувањето на кандидатот на тестирањето не значи дека не ги исполнувал физичките критериуми, туку дека не ги исполнил условите потребни за да продолжи во следната фаза од постапката.

МВР потсетува дека процесот на вработување се спроведува низ повеќе последователни фази, чиј редослед и критериуми се утврдени со законските и подзаконските прописи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img