домаСветЗахарова: Распоредувањето на американски ракети во Јапонија е неприфатливо за Русија

Захарова: Распоредувањето на американски ракети во Јапонија е неприфатливо за Русија

- Advertisement -spot_img

Руското Министерство за надворешни работи испрати протест до јапонската амбасада во Русија поради претстојните воени вежби на Јапонија со Соединетите Американски Држави, изјави денес портпаролката на тоа министерство, Марија Захарова.

Таа на брифинг за медиумите на маргините на Источниот економски форум изјави дека загриженоста на Москва во врска со најавените маневри била пренесена до јапонската амбасада во Русија во понеделникот, објави РИА Новости.

Захарова истакна дека на јапонската страна ѝ било пренесено дека воените активности во близина на источните граници на Русија се целосно неприфатливи.

Таа изјави дека распоредувањето на американски ракети „Тајфун“ во Јапонија, дури и за воени вежби, е неприфатливо за Русија и претставува закана за нејзината безбедност.

Захарова ја повика Јапонија да се врати на политиката на пацифизам.

Во јуни, американската војска го испрати својот ракетен систем со среден дострел „Тајфун“ во префектурата Кагошима за заеднички вежби со јапонските сили за самоодбрана, објавија јапонските медиуми во тоа време.

Медиумите наведоа дека е планирано овие ракети да учествуваат во заедничка вежба овој месец, по што од средината на октомври ќе бидат преместени во американската воена база во Јапонија.

Источниот економски форум се одржува од 1 до 4 септември во Владивосток, на крајниот југоисток од Русија, пренесува Танјуг.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img