Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Словенија, јавија тамошните медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале товарно и патничко возило. Камионот поради дефект запрел покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.
Во автомобилот имало пет лица, сите македонски државјани.
Лекар на местото на несреќата констатирал смрт кај три лица.
Еден од повредените со хеликоптер бил пренесен во болница, додека повредениот возач на автомобилот бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош.
Полицијата најави дека повеќе детали за причините и текот на несреќата ќе објави по завршувањето на првичните истражни дејствија.






