Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Од денеска важи забрана за движење на товарни моторни возила преку Граничниот премин Ники (Меџитлија) до 10 јануари 2026 година, до 10 часот. За патничките возила сообраќајот преку овој премин се одвива непречено.
Од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите моторни возила, без оглед на временските услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.







