HomeМакедонијаЗа што разговараше Муцунски со Анита Орбан?

За што разговараше Муцунски со Анита Орбан?

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – Tиса, информираа од МНР.

Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.

Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка.

Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

Викендов во Унгарија, партијата на Виктор Орбан, Фидес доживеа пораз од Тиса.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img