домаМакедонија„За некого само играчки за деца, за друх хормон на среќа“: Изложба...

„За некого само играчки за деца, за друх хормон на среќа“: Изложба на метални автомобилчиња во Куманово

- Advertisement -spot_img

За најголемиот дел од луѓето малите метални автомобилчиња се само играчки за деца, но за колекционерите од Die-Cast Club Куманово, тие се страст, хормон на среќа и сентименталност.

Викендов на 19 септември по четврти пат во Куманово „Die – Cast Club – АВТИЧИКИ БРЕ“ , со поддршка од здружението за ликовни уметници – Форма и Qrecords од Куманово, организира изложба на минијатурни автомобили од размер, 1/18,1/24,1/43 и 1/64.

Настанот како и минатата година ке се одржи во паркчето помеѓу зградите К4 и К5 на ул.Октомвриска Револуција со почеток од 12:00 часот до 18:00 часот.

За најголем дел од луѓето, мали метални автомобилчиња се само играчки , но за колекционерите од Die – Cast Club Куманово се еден вид на љубов, сентименталност, среќа.

На изложбата ке можат да се видат минијатурни модели кои се појалиле во филмски класици , но и модели кои одбележале важни светски, спортски, воени настани и автомобили кои се возеле во период од 70-тите – 80-тите години на минатиот век.

За љубителите на уметноста и музика,ќе се погрижат графити – артисти од Здружението Форма, кои ќе ја збогатат атмосферата со нивната уметност на цртање мурали, а воедно ќе бидат присутни Qrec со изложба на винили – плочи , за сите љубители на добар звук и музика на винил.Најмалите посетители ќе можат за уживаат во забавни и креативни работилници специјално подготвени за нив.

„Нашата желба е колекционерството да го доближиме до сите без разлика на старосна граница и да покажеме дека секој може да биде дел од оваа приказна на ваков вид колекционерство. Настанот е отворен за сите деца, родители и љубители на уметност. Ве очекува ден исполнет со дружење, радост, креативност и позитивна енергија“, велат од организаторот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img