домаМакедонијаЗа 24 часа приведени 11 возачи поради безобѕирно управување

За 24 часа приведени 11 возачи поради безобѕирно управување

- Advertisement -spot_img

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ Македонија привеле вкупно 11 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Според информациите, дури деветмина од приведените управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за О.М. (26) и С.Н. (30) од Скопје, Д.К. (26) од Јурумлери, 17-годишник од Студеничани, К.Д. (47) од Гостивар, А.С. (18) од Неготино, М.К. (46) од Гевгелија, Б.П. (36) од Прилеп и К.Д. (48) од Битола.

Дополнително, Ј.Т. (36) од Виничани, Општина Градско, бил затекнат како управува моторно возило под дејство на алкохол, додека Ф.Г. (20) од Кочани возел и покрај активна забрана за управување.

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од надлежните повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со активна забрана за управување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img