домаМакедонијаЗајакнување на капацитетите и подобра координација во фокусот на енергетските институции

Зајакнување на капацитетите и подобра координација во фокусот на енергетските институции

- Advertisement -spot_img

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа координативен состанок со претставници на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА), „Нафтовод“ ДООЕЛ – Скопје, Бирото за метрологија и Геолошкиот завод на Република Македонија.

На состанокот беа разгледани тековните активности и приоритети на институциите, со акцент на кадровското зајакнување, дигитализацијата на процесите и подобрувањето на ефикасноста во работењето.

Се разговараше и за иницијативата за заштита на македонскиот рубин како национално богатство, активностите за задолжителните нафтени резерви, како и за повторното ставање во функција на продуктоводот Скопје – Солун.

Беше заклучено да продолжат активностите за дигитализација, да се подготви преглед на реализираните активности во изминатиот период и да се разгледаат можностите за дополнително кадровско зајакнување на институциите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img