Најголемиот раст на видеосервисот YouTube во последните неколку години доаѓа од гледаноста на телевизор, а компанијата Google, која е негов сопственик, сега сака дополнително да заработи од тоа.
Еден од начините да се постигне тоа е воведување реклами од 30 секунди на телевизор, кои не можат да се прескокнат. Овие реклами веќе се достапни за огласувачите ширум светот.
Компанијата им порача на огласувачите дека нивната вештачка интелигенција „динамички оптимизира меѓу бампер реклами од шест секунди, стандардни од 15 секунди и формати на реклами од 30 секунди кои не можат да се прескокнат на поврзан телевизор, со што се обезбедува кампањата да ја достигне вистинската публика во вистинско време“.

За оние што се „алергични на реклами“, очигледното решение е претплата на YouTube Premium. YouTube неодамна ја направи попривлечна и поевтината опција YouTube Premium Lite со додавање нови функции, па и тоа е алтернатива за оние кои не сакаат да плаќаат целосна Premium претплата.








