домаТехнологијаXiaomi ја проширува понудата со новa паметна алка, часовник, слушалки и звучник

Xiaomi ја проширува понудата со новa паметна алка, часовник, слушалки и звучник

- Advertisement -spot_img
На европскиот пазар пристигнуваат многу нови уреди на Xiaomi, а на многумина веројатно најинтересен ќе им биде Sound Play – компактен звучник со интересен дизајн.

Покрај новата серија мобилни телефони Xiaomi 17T, кинескиот производител претстави и неколку нови гаџети, вклучувајќи нова паметна нараквица, паметен часовник, безжични слушалки и пренослив звучник.

Xiaomi Smart Band 10 Pro

Новата паметна нараквица Xiaomi Smart Band 10 Pro го задржа 1,74-инчниот AMOLED екран од својот претходник, но сега нуди значително поголема максимална осветленост од 2.000 нити, наместо досегашните 1.200 нити. Екранот поддржува стапка на освежување од 60 Hz и прикажување на 16,8 милиони бои.

Xiaomi истакнува дека нараквицата е нешто потенка и полесна од претходната генерација, а добила и нови здравствени сензори, како и подобрени алгоритми за следење на сонот. Батеријата со капацитет од 350 mAh треба да обезбеди до 21 ден работа при полесно користење, 15 дена при вообичаена употреба и осум дена со постојано вклучен екран.

Xiaomi Smart Band 10 Pro на европскиот пазар започнува од 80 евра, додека NFC и Ceramic Edition верзиите чинат 100 евра.

Xiaomi Watch S5

Новиот Xiaomi Watch S5 го наследува минатогодишниот Watch S4 и носи неколку подобрувања, меѓу кои особено се истакнува зголемената автономија.

Поконкретно, часовникот користи батерија со капацитет од 815 mAh, за која Xiaomi наведува дека овозможува до 21 ден работа со едно полнење, во споредба со 15 дена кај претходникот.

Предната страна ја краси 1,48-инчен AMOLED екран сместен во куќиште со дијаметар од 46 милиметри со рамка од нерѓосувачки челик. И покрај поголемата батерија, Xiaomi успеал дополнително да ја намали дебелината на куќиштето, што ќе се почувствува при носење.

Тука се и двофреквентен GPS, 5 ATM водоотпорност, како и стандардни функции за следење на здравјето и спортските активности. Watch S5 ќе биде достапен во црна, сребрена, сина керамичка и зелена боја, по почетна цена од 179 евра.

Xiaomi Buds 6

Xiaomi Buds 6 носат неколку надградби насочени кон квалитетот на звукот и удобноста при користење. Слушалките користат нова 11-милиметарска звучничка единица со троен магнет, што треба да обезбеди поквалитетна репродукција на звукот во однос на претходната генерација.

Поддржан е и Qualcomm aptX Lossless кодек со пренос на податоци до 2,1 Mbps, што е значително зголемување во однос на 1,2 Mbps кај моделот Buds 5. Xiaomi наведува и подобрено активно поништување на бучавата, а истакнува и потенко и полесно куќиште за подобро прилегање во увото.

Xiaomi Buds 6 на европскиот пазар чинат 120 евра.

Xiaomi Sound Play

Можеби и најинтересниот гаџет од сите претставени е Sound Play – сосема нов пренослив Bluetooth звучник на Xiaomi. Станува збор за компактен звучник со тежина од 415 грама, излезна моќност од 18 W и IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода.

Според производителот, батеријата овозможува до 14 часа репродукција на музика, што е на ниво на JBL Flip 7. Звучникот исто така поддржува TWS поврзување на два уреди за стерео звук, додека Auracast технологијата овозможува поврзување со дури 100 компатибилни уреди.

Иако овие спецификации не се револуционерни, звучникот најмногу се истакнува со својот дизајн. Имено, Sound Play има декоративен „infinity mirror“, како и LED светлосен прстен. Може да се купи во портокалова, сина, зелена и виолетова боја по цена од 50 евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img