домаРегионВучиќ разговараше со Путин: Очекувам продолжување на договорот за руски гас

Вучиќ разговараше со Путин: Очекувам продолжување на договорот за руски гас

- Advertisement -spot_img

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на договорот за снабдување со природен гас. Според него, Србија треба да добие стабилно снабдување и во претстојниот период, но конечните услови на новиот аранжман сè уште не се објавени.

Вучиќ го оцени разговорот со Путин како „добар и содржаен“ и изрази уверување дека постојниот гасен договор ќе биде продолжен.

„Верувам дека по денешниот разговор договорот ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Граѓаните на Србија треба да знаат дека ќе имаме доволно енергенси“, порача српскиот претседател во видеообраќање.

Сегашниот договор со руски „Газпром“ истекува на крајот од септември. Белград и Москва веќе двапати годинава го продолжуваа аранжманот за по три месеци, додека траат разговорите за подолгорочен договор.

Со важечките услови Србија добива околу шест милиони кубни метри гас дневно, со можност за дополнителни количества кога потрошувачката е поголема. Цената се пресметува според формула поврзана со движењето на цената на нафтата и, според српските власти, е пониска од цените на европскиот пазар.

Рускиот гас обезбедува до 90 проценти од потребите на Србија. Земјата истовремено се обидува да ги прошири изворите на снабдување преку гас од Азербејџан и преку терминалите за течен природен гас во Грција, користејќи го интерконекторот со Бугарија.

Прашањето за енергетската безбедност Вучиќ го отвори и на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Њујорк. Тогаш изрази надеж дека новиот аранжман ќе биде потпишан до крајот на септември.

Засега не е соопштено колку долго би важел новиот договор, ниту дали цената и дневните количества ќе останат непроменети.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img