домаРегионВучиќ: Многу наскоро ќе се распишат избори

Вучиќ: Многу наскоро ќе се распишат избори

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вторникот изјави дека изборите ќе бидат распишани „многу наскоро“. Но, тој повторно не даде попрецизни информации за датумот на вонредните парламентарни и претседателски избори, кои ги најавуваше неколкупати во изминативе месеци.

– Изборите ќе бидат распишани многу наскоро – кратко им одговори Вучиќ на новинарите, во текот на обиколката на работите за изградба на мостот помеѓу Велика Плана и Свилајнец.

Вучиќ, исто така, повтори дека не знае што да каже во врска со новото истекување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС).

– Не сум сигурен дека знае некој. Имам претчувство, но тоа нема никаква врска со тоа дали можеш да бидеш позитивен или негативен. Затоа не бев ентузијаст и не бев голем оптимист цело време, бидејќи знаев дека ќе биде многу тешко – рече Вучиќ, додавајќи дека државата ќе направи сè што може.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img