HomeШоубизВтор концерт за Тоше Проески следната недела во Штип, ќе настапат над...

Втор концерт за Тоше Проески следната недела во Штип, ќе настапат над 18 учесника

- Advertisement -spot_img

Втор концерт за Тоше Проески, следната недела во Штип. На 21 август, ден четврток, во домот на млади, ќе се одржи музички настан што привлекува внимание од сите страни. Покрај концертот, денеска во 19:30 минути, околу 40 гитаристи на штипската едносмерка ќе изведат нумери од Тоше, кои ќе го навестат самиот концерт. Со повеќе од 18 учесници и неколку истакнати гости од Балканот, ова издание на настанот има уште поголеми амбиции од минатогодишното. Организаторите најавуваат дополнителни изненадувања, а со тоа и уште повеке музички моменти кои ќе ја одржат живата памет за Тоше Проески и неговото влијание на музиката.

,,На 21 август во домот на млади Штип ќе се случи вториот по ред концерт за Тоше Проески , кој планираме да го направиме традиционален, со оглед на тоа што првото издание лани помина одлично. Годинава го закажавме на 21 август, а денес среда во 7:30 по ручек на нашето ново шталиште на едносмерната улица, ќе се случи гитарска поворка за Тоше, а тоа значи дека околу 40 гинатристи со неколку интерпретации на нумери од Тоше ќе го најават концертот, со што ќе се најави кој што ќе следи следната недела. Ќе има над 18 учесника, а се чека за уште неколку гости кој се чека да потврдат, а истите се од Балканот.“, истакна Стаменков

Самиот концерт на 21 август ќе започне во 20:00 часот, потенцираше организаторот Стаменков. Рече дека влезницата за истиот ќе чини 300 денари.

Инаку, минатата година овој концерт беше посетен од бројни посетитли, кој со длабоки спомени се навратија на македонската музчика ѕвезда Тоше Проески, кои загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври во 2007 година, оставајќи зад себе многу песни, кој денес се хит и се пеат со многу емоции.

Иван Митев, М-Нет

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img