-0.2 C
Skopje
8 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВратени украдените книги од Архивот на Скопје – не е оштетен материјал...

Вратени украдените книги од Архивот на Скопје – не е оштетен материјал од државен интерес

- Advertisement -spot_img

Сите книги украдени при ноќната провала во Архивот на Град Скопје се пронајдени и вратени, а меѓу нив нема документи од јавен или државен интерес. Ова го потврди директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, кој истакна дека станува збор за постари примероци — дупликати на изданија што не се дел од основните архивски фондови.

Кражбата се случила во објектот на Архивот на улица „Московска“, кој претставува одделение на Државниот архив. Според информациите, сторителите — тројца млади лица на возраст меѓу 17 и 19 години — скршиле стакло на еден од влезовите и изнесувале книги складирани во објектот. Бидејќи возилото не можело да влезе во дворот, книгите ги пренесувале преку решетката до автомобилот.

Настанот бил пријавен од чуварот, по што полицијата интервенирала. Министерството за внатрешни работи информира дека во раните утрински часови на 6 јануари на крстосницата меѓу булевар „Партизански одреди“ и улица „Московска“ биле лишени од слобода Е.Д. (18), Х.Е. (19) и малолетник од 17 години, сите од Скопје. При преглед на возилото „Опел Тигра“ биле пронајдени украдените книги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

„Во депото не е влегувано и тоа е најважно. Се работи за дупликати од постари изданија. Утре ќе имаме прецизна евиденција за сè што било земено,“ изјави директорот, нагласувајќи дека централните архивски фондови не биле загрозени. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img