-0.2 C
Skopje
21 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВработените во Управата не смеат однапред да се прогласуваат за виновни

Вработените во Управата не смеат однапред да се прогласуваат за виновни

- Advertisement -spot_img

Трите синдикални организации при Управата за јавни приходи: Солидарност, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) и УПОЗ соопштија дека внимателно ги следат сите актуелни случаи што ги води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во изминатиот период, во кои се опфатени и вработени во УЈП.

Од синдикатите јасно порачуваат дека се категорично против какво било коруптивно или незаконско однесување и дека не оправдуваат, ниту поддржуваат незаконски постапки на вработените во УЈП, доколку бидат утврдени тие во законска и правична постапка.

Истовремено, синдикалните организации изразуваат сериозна загриженост поради јавното изнесување информации, коментари и квалификации, кои, како што наведуваат, „можат да создадат впечаток на однапред утврдена вина и јавна осуда на даночните службеници, без правосилна судска одлука“. Таквата практика, според нив, е спротивна на Уставот на државата, Законот за кривична постапка и Европската конвенција за човекови права.

Синдикатите апелираат до сите јавни чинители, надлежни институции и медиуми да покажат воздржаност и да го почитуваат начелото на презумција на невиност, посочувајќи дека е нарушено тоа со јавното објавување на имињата на вработените во УЈП.

Дополнително, тие бараат јасно разграничување меѓу кривичната одговорност за дела поврзани со даночни измами и корупција и евентуалната дисциплинска одговорност што произлегува од работниот однос, согласно со Законот за УЈП, Законот за даночна постапка, Колективниот договор и интерните акти на институцијата.

Во соопштението се нагласува дека не смеат да се користат изолирани случаи или сомнежи за дискредитација на УЈП, ниту за нарушување на стабилноста на даночниот систем и државниот буџет, како и угледот на институцијата и на речиси илјада вработени, кои, како што велат, секојдневно ја извршуваат својата работа професионално и одговорно, во интерес на државата и на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img