HomeРегионВозот повторно свирна во Лерин: Редовни линии од крајот на мај

Возот повторно свирна во Лерин: Редовни линии од крајот на мај

- Advertisement -spot_img

Редовниот железнички сообраќај на линијата Солун – Лерин ќе започне до крајот на мај, со по две двојки возови дневно – утринска и попладневна, најави заменик-министерот за транспорт на Грција, Константинос Киранaкис.

Тој изрази задоволство од завршувањето на работите за обнова на пругата, нагласувајќи дека нејзиното повторно ставање во функција е резултат на интензивна работа во изминатите месеци. Според него, екипите на грчките железници и операторот „Hellenic Train“ систематски ги отстраниле сериозните технички проблеми поради кои линијата долго време беше нефункционална.

Киранaкис посочи дека пругата сега е безбедна и целосно оперативна, со можност возовите да развиваат брзина до 100 километри на час на одредени делови од трасата.

Тој додаде дека постои можност за воведување и трет дневен воз, доколку се зголеми интересот кај патниците, нагласувајќи дека идниот развој на линијата ќе зависи и од поддршката и користењето од страна на граѓаните.

Заменик-министерот ја истакна и важноста на линијата за локалното население, оценувајќи дека нејзиното повторно функционирање има и социјално значење, бидејќи обезбедува достапен и сигурен превоз за работници, студенти и повозрасни лица.

Во однос на безбедноста, најавено е дека во наредниот месец ќе биде пуштен во употреба систем за прецизен геолокациски надзор, кој ќе овозможи следење на движењето на возовите во реално време, информирање на патниците за евентуални доцнења, како и подобра контрола на сообраќајот од страна на надлежните служби.

Киранaкис говореше и за пошироката стратегија за модернизација на грчката железница, истакнувајќи дека приоритет е обновата на главниот коридор Атина – Солун. Според најавите, до крајот на летото ќе бидат завршени сите работи, а од септември ќе се воспостави целосно функционален систем со современа сигнализација, далечинско управување и автоматско кочење.

Дополнително, тој информираше дека е завршена и модернизацијата на линијата Солун – Идомени, со што се обновува важна прекугранична врска која со децении била надвор од употреба.

Во однос на можната железничка поврзаност со Северна Македонија, Киранaкис посочи дека останува мал дел за санација на грчка страна во близина на границата, но дека засега приоритет е целосното функционализирање на линијата Солун – Лерин.

Повторното пуштање во употреба на линијата беше поздравено и од локалните власти, вклучувајќи ги градоначалниците на Лерин, Аминдео и Преспа, како и регионалниот гувернер на Западна Македонија, Јоргос Аманатидис.

Извор: АПЕ-МПЕ

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img