ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, според кој водата во главниот град е здравствено исправна и ги исполнува сите законски стандарди.
Во периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 189 примероци за физичко-хемиска анализа и уште 189 примероци за микробиолошка анализа, односно вкупно 378 примероци од 43 мерни места на територијата на Град Скопје.
Според резултатите од испитувањата, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.








