HomeМакедонијаВо спомен на 7.144 депортирани Евреи: Собраниски делегации со цвеќе на споменици

Во спомен на 7.144 депортирани Евреи: Собраниски делегации со цвеќе на споменици

- Advertisement -spot_img

По повод 83 години од депоратацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка, собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе на споменици во Штип, Битола и Скопје, информираат од македонското Собрание.

Собраниска делегација, во чиј состав се Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип. Утре собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Весна Бендевска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот Камена Менора и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара.

Во среда пак, собраниска делегација во чиј состав се Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова ќе положат цвеќе на Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи во Тутутнски комбинат – Монопол, како и на Споменикот на депортираните Евреи и на паднатите борци во НОБ на Еврејските гробишта – Градски гробишта Бутел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img