8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионВо сабота, по седми пат кај Градскиот Саат во Прилеп – Фестивал...

Во сабота, по седми пат кај Градскиот Саат во Прилеп – Фестивал на млекото – дојдете дегустирајте, купете органско, квалитетно македонско

- Advertisement -spot_img

Седми пат по ред, во срцето на Прилеп – кај Градскиот Саат, оваа сабота (13.09.), со почеток од 10часот ќе се одржи Фестивалот на млекото.

Оваа година во фокусот ги ставаме сточарите и производителите на млеко и млечни производи – луѓето кои со години, со посветеност и љубов, се грижат за стадата и ја негуваат традицијата на производство.

Нивната работа е тешка, често незабележана, а предизвиците се секојдневни – од климатските промени и недостиг на пасишта, до економската неизвесност и напорот да се одржи квалитетот во услови на сè помали ресурси. Но токму тие луѓе се носители на живата традиција.
Тие го чуваат вистинскиот вкус на млекото и сирењето, и преку својата работа ни овозможуваат да се потсетиме на богатството што го има нашата земја.

Фестивалот оваа година е посветен на нивниот глас – за сите да слушнеме какви се предизвиците на сточарите денес, и што можеме заедно да направиме за да се зачува и развива оваа важна гранка.

Оваа година со нас ќе бидат и Слоу Фуд Млади, кои вечерта на Камената бина, заедно со шеф Маре Јаневска од Алијансата на готвачи, ќе подготват Диско Супа – вкусно јадење направено од производи кои вообичаено би завршиле во корпите за отпадоци, но сега ќе добијат нов живот во форма на креативна и вкусна супа. На овој начин, младите ќе испратат важна порака за одржливост, намалување на отпадот и вреднување на храната.

На фестивалот ќе можете да:

се запознаете со производителите и нивните приказни

дегустирате и купите автентични сирења и млечни производи

учествувате во дебати и дискусии за иднината на сточарството

уживате во музика, дружење и богата фестивалска атмосфера

13 септември 2025

Прилеп, Градскиот Саат и Камената бина
Фестивалот на млекото е место каде што традицијата, младите и иднината на локалното сточарство се спојуваат во едно.

Добредојдовте и да го прославиме млекото, сирењето и трудот на нашите сточари!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img