HomeСветВо пожар во облакодер во Кина, тројца загинаа, 23 се повредени/ВИДЕО

Во пожар во облакодер во Кина, тројца загинаа, 23 се повредени/ВИДЕО

- Advertisement -spot_img

Во пожар кој избувна во повеќекатница во градот Тиајуан, во провинцијата Шанси на северот на Кина, загинаа три лица, а 23 се повредени, од кои девет се во критична состојба.

Причината за пожарот сè уште се истражува, пренесе денеска CCTV News.

Пожарот избувнал вчера околу 20 часот по локално време, а отворениот пламен главно бил изгаснат во текот на ноќта. Структурата што се запалила и хотелот се наоѓаат во истата зграда, а видеоснимките од пожарот од самото место објавени од корисници на интернет покажуваат дека пожарот главно бил концентриран на надворешните ѕидови на зградата.

На надворешниот ѕид од источната страна на зградата видливи се големи траги од пожар, додека неколку излози покрај преминот се уништени од огнот, а неколку електрични велосипеди паркирани пред излозите изгореле до гола метална рамка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img