Во првата половина на октомври ќе ги поканам студентите и деканите на правните факултети на заедничка средба, на која ќе го презентирам законското решение за начинот на полагање на правосудниот испит.
Досега се поднесени пет барања од студентски асоцијации: три за полагање на албански јазик, едно на англиски и едно на англиски и турски јазик.
Нашата цел е преку отворен дијалог, инклузивен пристап и почитување на европските стандарди да ги разгледаме сите барања и да ги утврдиме понатамошните институционални чекори.






