домаМакедонијаВо недела во Брвеница се гласа меѓу кандидатите на ВМРО и ДУИ,...

Во недела во Брвеница се гласа меѓу кандидатите на ВМРО и ДУИ, Мицкоски повика да не се гласа по етнички клуч

- Advertisement -spot_img

Брвеница в недела избира градоначалник. Во вториот круг од предвремените локални избори ќе се соочат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ. Кампањата завршува вечерва, а на полноќ почнува изборниот молк.

Во пресрет на гласањето, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара поддршка за партискиот кандидат од сите жители, без оглед на етничката и партиската припадност. Порача граѓаните да одлучуваат според понудените проекти и според тоа кој може да обезбеди подобри услови за нивните семејства.

Мицкоски предупреди дека Македонците и Албанците во општината ќе продолжат да живеат едни покрај други и по изборите. Ги обвини политичките противници дека со етнички поделби се обидуваат да ги спасат своите политички кариери.

Изборната реторика за Брвеница вчера се префрли и во Собранието. Пратеникот Скендер Реџепи го отвори прашањето за пораките во кампањата, а Мицкоски возврати дека неговата коалиција не повикувала на етничко гласање и дека граѓаните треба самостојно да одлучат кому ќе му ја дадат довербата.

Предвремените избори во Брвеница се одржуваат по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски. Кој ќе ја преземе функцијата, жителите ќе одлучат во недела, на 1 ноември.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img