10.8 C
Skopje
5 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВо март следува уште едно зголемување на платите, но не за сите

Во март следува уште едно зголемување на платите, но не за сите

- Advertisement -spot_img

Фондот за здравствено осигурување јасно става до знаење дека останува цврсто посветен на континуирано зголемување на платите во јавното здравство, како клучен услов за правилно вреднување на трудот и за унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Ова го истакна директорот на ФЗО, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција одржана во Владата.

Тој појасни дека во изминатиот период платите во здравствениот сектор веќе се зголемени кумулативно за 17 проценти, преку две фази – во ноември 2024 година и во март 2025 година. Притоа, најзначително зголемување е регистрирано кај понискиот и средниот здравствен кадар, додека кај матичните лекари капитациите се зголемени за дури 33 проценти, што претставува сериозен чекор кон подобро вреднување на нивната работа.

Клековски најави дека во текот на март годинава, согласно постигнатиот договор со синдикатите, ќе следи ново процентуално зголемување на платите. Со ова зголемување, како што нагласи, целта е повторно да се воспостави соодветен баланс и фер вреднување и за лекарите, имајќи ја предвид нивната одговорност и улога во здравствениот систем.

Покрај темата за платите, директорот информираше дека досега не е евидентиран поврат на незаконски исплатени надоместоци во јавните здравствени установи. Тој предупреди дека при повторни контроли ќе следуваат казни за оние што не ги почитуваат правилата. Во таа насока, Фондот за здравствено осигурување работи на интензивна дигитализација на контролите, со цел воспоставување поефикасен и потранспарентен систем на санкции, но и механизми за наградување на установите кои работат согласно прописите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img