7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВо Кисела Вода стартува изградбата на училишни и спортски објекти под водство...

Во Кисела Вода стартува изградбата на училишни и спортски објекти под водство на Ѓорѓиевски

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започна доградбата на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“. На површина од 500 м² ќе се изградат шест нови училници, по три на секој кат, со што ќе се обезбедат подобри услови за учениците и наставниците.

„Со оваа инвестиција, заедно со веќе започнатите доградби во училиштата „Кирил Пејчиновиќ“ и „Кузман Шапкарев“, го исполнуваме дадениот збор – едносменско работење во основните училишта на територијата на нашата општина“, рече Ѓорѓиевски.

Во рамки на развојните проекти, се гради и нова спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, како и нова спортска сала „Кузман Јосифовски-Питу“. Градоначалникот потенцира дека создавањето современи услови за образование и спорт останува врвен приоритет.

Особено се нагласува дека во „Невена Георгиева-Дуња“ веќе се обезбедени целосно опремен кабинет по хемија и природни науки, модерна библиотека со читална и нов инвентар, со што учениците добиваат интерактивно и квалитетно образование.

Ѓорѓиевски упати благодарност до министерката за образование Весна Јаневска и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката која, како што посочи, е клучна за развојот на општините и за силна Македонија.

„Продолжуваме посветено да го унапредуваме образованието, затоа што влогот во најмладите е влог во иднината“, заклучи Ѓорѓиевски

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img