Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат приближно од 9 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 24 до 33 степени.
Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните делови, каде температурата ќе се искачи до околу 33 степени. Во западните и северните предели ќе биде посвежо, а локално се очекуваат врнежи проследени со грмежи.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






