-1.2 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВо Чаир ќе се градат три нови градинки со капацитет од 1.000...

Во Чаир ќе се градат три нови градинки со капацитет од 1.000 деца

- Advertisement -spot_img

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на општината, истакна дека инвестициите во градинките се приоритет за локалната власт.

Со отворањето на најголемата градинка во државата „Бамби“ со капацитет за 360 деца, како и планираните градинки „Снежана“ и „Радост“ со по 300 деца секоја, Чаир обезбедува услови за грижа и образование на околу 1.000 деца.

Меџити нагласи дека овие проекти ќе понудат модерна инфраструктура, мотивирани воспитувачи, еднакви можности за сите деца и безбедна средина за раст и развој. Тој додаде дека инвестицијата во предучилишното образование е инвестиција во човечкиот капитал, семејствата и иднината на Чаир.

„Чаир ќе биде пример за модерна и инклузивна грижа, каде секое дете има свое место, а секоја фамилија ја добива поддршката што ја заслужува. Затоа велиме – нашите деца Вредат!“, порача Меџити.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img