Собранието денеска во рамки на 73. седница ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2026 година. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата ги вкрстија ставовите во однос на планираниот буџет за следната година.
Во Дополнетиот предлог Буџет се предвидени и средства за попис во земјоделството во 2026 година.
– За пописот за 2026 е планиран попис во земјоделството и тој попис ќе го реализира Владата, да добиеме релевантни бројки врз коишто ќе ги фиксираме идните политики на Владата, и скратено е во одделни ставки на расходната страна од Буџетот. Најмногу е скратено во оние сектори каде што најмногу се крадело од претходната Влада, рече Јанкуловски.








