HomeМакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале во десет пријави за...

Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале во десет пријави за насилство кај Јовановски

- Advertisement -spot_img

Полициските службеници кои постапувале во 10-тина пријави за насилство во семЕјството на Ивана Јовановска која загина по пад од балкон со нејзината шестгодишна ќерка, која 7 години била жртва на тортура ги истражува и внатрешната контрола на МВР . Според неофицјалните информации на TВ 24 меѓу пријавите има за насилство, за кавги и викотниици, за закани за нарушување на ред и мир .Дел од нив се по пријава од сега почината Ивана , дел од соседите , а имало и една или две од сега почината Ивана .

Материјалите по кои постапува внатрешната контрола на МВР се веќе обезбедени, од утре ќе следуваат и разговори со полициските службеници кои постапувале по секоја пријава што се однесувала за семјството Јовановски – вели за тв 24 извор од истрагата

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција кои се надлежни з аевентуална кривична одговорност з аполицајците само повтруваат дека се издадени конкретни насоки за спроведување на проверки и прибирање на сите релевантни информации и докази.Како еден од клучните документи го чекаат извештајот на внатрешната контрола на мВР

ОЈО ГОКК: По доставување на известување од Секторот за внатрешна контрола, обвинителството ќе изврши сеопфатна оценка на сите прибрани сознанија и без одлагање ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука за понатамошно постапување.

Од обвинителството пак кои што вчера отворија истрага за тв 24 само повторувата дека истражните дејствија продолжуваат . Стојанче Јовановски кој седум години ја малтретирал неговата сопруга а два пати на денот на трагдија ја претепал з ашто има и видео снимка, а интервенирала и полиција , но според министерот Тошковски не констатирала видливи телесни повреди , вчера доби уште 8 дена притвор .

Во видео кое го објви порталот Скопје 1 тој на прашањето дали чувствува вина тој смао молчеше и правеше гримаси

Од МВР денеска пак со статисика тврдат дека Во последните две недели Министерството за внатрешни работи поднело 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство.

МВР: Само во Скопје, поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“. Изречени се пет мерки притвор, како и една мерка „претпазливост. според податоците, најголем дел кривични дела се „телесна повреда“ но има и пријави за „противправно лишување од слобода“,„обид за убиство“ и „полов напад и силување“.

Вчера ОЈО информираше дека отвораат истрага и дека осомничениот Стојанче Јовановски седум години наназад физички и психички ја малтретирал Ивана. Сето ова било пријавувано и од неа, но и од други очевидци во надлежните институции. Нападите се интензивирале изминатата година, поради што, според обвинителството, Ивана се нашла во безизлезна ситуација и се одлучила на самоубиство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img