домаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ се виновни што не е донесен новиот...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ се виновни што не е донесен новиот Изборен законик

- Advertisement -spot_img

Скопје, 15 јули – Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, ја обвини опозицијата дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека со тоа е загрозен напредокот на државата и можноста за користење средства од Планот за раст на Европската Унија.

Според Манасиевски, девет од десетте предвидени реформи се реализирани, додека единствената што останала – донесувањето на Изборниот законик – не е исполнета поради, како што рече, „коалицијата на СДС, Левица и ДУИ“.

„Ова е директен показател дека ако имаат можност, опозиционерите во Македонија ќе го блокираат државниот напредок“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, опозициските партии немаат интерес за усвојување на нов изборен закон, туку настојуваат да се претстават како жртви пред јавноста во пресрет на следните избори.

„СДС, Левица и ДУИ не ги интересира успехот на Македонија, не им е до нов Изборен законик, туку сакаат да се претстават како жртви и на следните избори да се претстават како оштетени, со тоа што нема да биде донесен Изборниот законик“, рече Манасиевски.

Тој оцени дека ваквите, како што ги нарече, „задкулисни игри“ на опозицијата се разобличени и предупреди дека, доколку не се постигне политички договор, државата ќе влезе во следниот изборен циклус со постојниот изборен модел.

„СДС, Левица и ДУИ се директните виновници за тоа што помина рокот за носење на Изборниот законик, со кој ние како држава би добиле повеќе средства од Планот за раст. Доколку не се вразумат, на следните избори ќе одиме повторно со стариот Изборен законик“, изјави Манасиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img