HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше пулен на СДСМ - Предметите ги држеше кај себе...

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше пулен на СДСМ – Предметите ги држеше кај себе за да уценува

- Advertisement -spot_img

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остра реакција по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, обвинувајќи дека СДСМ стои зад нејзината одбрана и дека таа била „нивни играч и пион“ во рамки на поранешното Специјално јавно обвинителство.


Од партијата наведуваат дека Ристоска била „десна рака на Катица Јанева“ и дека, според нив, „беспоговорно реализирала агенди на Заев и други фактори“, порачувајќи ѝ „да не глуми жртва“.


Во соопштението се прави осврт и на периодот кога, како што тврдат, обвинителките „делеле и множеа“ и управувале со предметите, при што се споменува и аферата со луксузни предмети. ВМРО-ДПМНЕ оценува дека во тој период јавноста очекувала правда, но наместо тоа, како што велат, добила скандали..


Партијата поставува прашање зошто, доколку Ристоска навистина се водела од принципи, во изминатите години не постапила по, како што наведуваат, „стотици индиции за криминал на претходната влада на СДСМ и ДУИ“.


Посебен акцент во реакцијата се става на случаите поврзани со „Талир“, за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се воделе предолго без завршница. Според нив, овие предмети „се држеле кај Ристоска со години“ со цел, како што обвинуваат, да се врши политички притисок врз партијата.


„Се добива впечаток дека предметите ги држела кај себе за ВМРО-ДПМНЕ да биде уценето со ненормално долги постапки“, се наведува во соопштението.


Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека постапките траеле и до десет години без епилог, додавајќи дека доколку системот функционирал, тие ќе имале судска завршница – без разлика дали со пресуда или ослободување.
Партијата нагласува дека очекува „владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата“, при што, како што велат, „секој што прекршил закон мора да одговара“.


Во реакцијата се наведува и дека обидите на Ристоска да се претстави како жртва се дел од, како што тврдат, поширок наратив за „дефокусирање од криминалите на СДСМ и ДУИ“ и продолжување на, според нив, „перцепциската пресметка против ВМРО-ДПМНЕ“.
Дополнително, се споменуваат и наводи за нејзини обиди за лобирање, како и неуспешни амбиции за ангажман во странство, при што се наведува дека ваквите околности влијаеле врз нејзината реакција по оставката.


Во заклучокот, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека „заврши времето на политички агенди и инструментализација на правдата“, додавајќи дека граѓаните имаат долга меморија и очекуваат вистинска одговорност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img