7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: Се злоупотребуваат јавни пари за изборни спотови

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: Се злоупотребуваат јавни пари за изборни спотови

- Advertisement -spot_img

Во својата најнова реакција, ОК ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип го обвинува градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич, дека преку промотивни видеа се прикажува „селективна слика“ на градот – со кадри од завршени објекти – додека ветувањата што останале на хартија и незавршените градби не се споменуваат.

„Граѓаните секојдневно поминуваат покрај недоизградени простори и гледаат дека реалноста не е иста како во видеата,“ велат од опозициската партија, додавајќи дека тоа е резултат на селективност и прикривање на проблемите.

Освен за начинот на кој се претставуваат проектите, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за снимањето и промоцијата на спотовите се трошат државни пари, што, според нив, претставува злоупотреба на јавни средства за партиски цели. „Наместо средствата да се вложуваат во вистински потреби на граѓаните, тие завршуваат во кампањи,“ е пораката што ја упатија до јавноста.

Како пример за незавршен објект се посочува паркот кај Калниште, кој требаше да биде ново катче за одмор и рекреација. Наместо тоа, велат тие, просторот и понатаму стои недоизграден и оставен на заборав.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img