домаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален...

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем

- Advertisement -spot_img

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија. Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа. Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство“, се наведува во соопштението.

Во време на ковид-пандемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем.

„Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство. За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ реагираат дека деновиве организираната криминалната група ВМРО повторно ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот, со лажни обвинувања, врз СДСМ и претседателот проф. д-р Венко Филипче.

„Ова е срамно. Да се играш со чувствата на семејствата на настраданите, само за да се нападне политичкиот противник, покажува дека оваа група нема ни најмала капка морал и емпатија. Сега, по истиот рецепт, во Гостивар ја обвинуваат СДСМ за труењето на граѓаните, иако СДСМ нема никаква врска со тој настан. Кога гледате како ВМРО-ОКГ постојано ја користи туѓата несреќа за да ја прикрие својата одговорност, јасно ви е на што се сè подготвени. Латас, Ивона и целата нивна фабрика на лаги, заедно со фармите на тролови, платформите на ботови и орбановите медиуми, работат исклучиво во служба на оваа банда. Луѓе кои дојдоа на власт со лаги, владеат со лаги. Лажни патриоти со бугарски пасоши, кои со децении го трујат медиумскиот простор, создаваат поделби меѓу народот за да можат непречено да спроведуваат криминални тендери и да ги крадат парите на граѓаните на Македонија“, реагираат од СДСМ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img