0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ го претстави тимот за Пробиштип– Тони Тоневски кандидат за градоначалник, Наунова...

ВМРО-ДПМНЕ го претстави тимот за Пробиштип– Тони Тоневски кандидат за градоначалник, Наунова носител на советничка листа

- Advertisement -spot_img

Во рамки на подготовките за локалните избори 2025, ВМРО – ДПМНЕ официјално ја поднесе својата советничка листа во Пробиштип. Листата ќе ја предводи професорката Александра Наунова, а кандидат за градоначалник е Тони Тоневски. Наунова е професор по англиски јазик во подрачното основно училиште „Никола Карев” и советник во Советот на градот.

Александра Наунова има богато искуство во меѓународни проекти и образовни иницијативи. Таа соработувала со Мировниот корпус и директно учествувала во повеќе интернационални училишни проекти, носејќи нови идеи и практики во локалното образование.

Покрај учеството во образовни проекти, Наунова е активен организатор на училишни и хуманитарни настани, со што ја промовира социјалната одговорност, волонтерството и меѓународната соработка меѓу младите.

Нејзината посветеност кон образованието и развојот на заедницата ја прави важен столб на локалниот совет и доверлив партнер во градењето на современа и инклузивна општинска политика.

Од локалниот комитет на партијата посочуваат дека станува збор за комбинација на младешки елан и докажано искуство во работењето. Кандидатите, како што беше нагласено, ќе се залагаат за решавање на проблемите во секое маало, населба и село во општината, со фокус на подобрување на локалната инфраструктура, развојни проекти и зголемена транспарентност во работењето.

СДСМ на 2 септември ја потврди повторната кандидатура на актуелниот градоначалник Драган Анастасов – Ладич, кој влегува во трка за свој трет последователен мандат. Рокот за доставување на изборен список на партиите до ДИК заврши на 11 септември, додека партијата сè уште ја нема објавено својата советничка листа.

Во последните неколку дена, партиите почнаа да ги официјализираат своите советнички листи. Првиот круг на локалните избори е закажан за 19 октомври, а доколку ниту еден од кандидатите не обезбеди мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img