домаМакедонијаВЛЕН: Здравјето и безбедноста на граѓаните на Гостивар се апсолутен приоритет

ВЛЕН: Здравјето и безбедноста на граѓаните на Гостивар се апсолутен приоритет

- Advertisement -spot_img

ВЛЕН со загриженост ја следи состојбата во Гостивар, по зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемија.

Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој.

Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните на Гостивар секојдневно им се обезбедуваат 50.000 литри бесплатна вода за пиење, која ќе се дистрибуира на неколку локации во градот сѐ додека се во сила мерките и препораките.

Очекуваме резултатите од лабораториските анализи да бидат објавени што е можно поскоро, а институциите да продолжат со истрагата сѐ до целосно утврдување на причините.

ВЛЕН ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да се ангажира граѓаните да ја добијат сета неопходна помош сѐ до целосната нормализација на состојбата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img