домаМакедонијаВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден...

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во рамките на албанскиот политички блок во Македонија.

Во пресрет на конгресот, од ВЛЕН преку јавна објава порачаа дека процесот на обединување не бил лесен и дека зад него стојат месеци исполнети со предизвици, недоверба и политички притисоци.

„Кога се создаде ВЛЕН, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви кои очекуваа разделба, замор и неуспех. Имаше и такви кои отворено работеа за да го спречат ова обединување“, наведуваат од коалицијата.

Според нив, утрешниот ден ќе биде одговор на сите сомнежи, бидејќи од политички партнери и сојузници, ВЛЕН преминува во единствено политичко тело.

Од коалицијата потенцираат дека одлуката не е резултат на притисок или политичка нужност, туку произлегува од уверувањето дека Албанците добиваат повеќе кога политичкото дејствување е обединето и организирано.

„Ова не е присилно обединување. Тоа е резултат на вербата дека Албанците не победуваат кога политиката е фрагментирана, туку кога енергијата и претставувањето се обединети“, порачуваат од ВЛЕН.

Во објавата се истакнува дека токму поради тоа, процесот има историска тежина и претставува исполнување на ветувањето кое ВЛЕН им го дал на Албанците.

На утрешниот Конгрес на обединување се очекува присуство на околу 850 делегати, кои ќе треба формално да го потврдат обединувањето на петте политички ентитети во една структура.

„Од идеја во која многумина се сомневаа, ВЛЕН утре станува политички факт“, стои во пораката на коалицијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img