домаМакедонијаВЛЕН: Собранието во изминатите две години покажа резултати и политичка зрелост

ВЛЕН: Собранието во изминатите две години покажа резултати и политичка зрелост

- Advertisement -spot_img

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавниот процес и зајакнувањето на институционалното функционирање.

Во двегодишниот извештај на Гаши, кој беше презентиран пред ко-претседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, беа издвоени неколку од најважните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медреса, Законот за поддршка на инвестиции, Законот за правична и соодветна застапеност, колективните договори за универзитетите, како и реформите во високото образование.

Исто така беше нагласено дека во собраниска процедура се наоѓаат и повеќе законски решенија од реформската агенда.

Од ВЛЕН порачаа дека овие резултати претставуваат доказ за посветеност кон унапредување на правата на граѓаните, поттикнување на економскиот развој и градење поефикасни и пофункционални институции во служба на сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img