4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН со порака: Македонија нема алтернатива надвор од евроатлантските интеграции

ВЛЕН со порака: Македонија нема алтернатива надвор од евроатлантските интеграции

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН денеска порача дека стратешката определба на Македонија е јасно насочена кон Соединетите Американски Држави и Европската Унија, а не кон концепти како „српски свет“.

Од коалицијата нагласуваат дека во изминатата година биле реализирани повеќе од пет официјални посети во Вашингтон, како и средби со европски претставници и амбасадори, што според нив ја потврдува евроатлантската ориентација на државата.

Во реакцијата на ВЛЕН се споменува и улогата на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, со оценка дека тој во изминатиот период отворал простор за засилено влијание на Белград и Москва. Како пример се посочуваат контактите со рускиот министер Сергеј Лавров, поддршката на иницијативата „Отворен Балкан“, како и влезот на српската телекомуникациска компанија МТЕЛ на македонскиот пазар.

Коалицијата предупредува дека ваквите процеси носат ризик за ограничување на интересите на Албанците и за оддалечување од европската агенда. „Нашата цел е Македонија да остане на евроатлантскиот пат, во тесно партнерство со САД и Европската Унија“, стои во соопштението на ВЛЕН.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img