Зголемувањето од 3,8% на Бруто домашното производство во третиот квартал, објавено од Државниот завод за статистика, претставува силен сигнал дека економијата се стабилизира и се движи во позитивна насока. Овој резултат ја позиционира земјата меѓу економиите со најдобри перформанси во регионот и ја одразува ефикасноста на политиките насочени кон економска стабилност, привлекување инвестиции и отворање нови работни места.
Од ВАЛЕН истакнуваат дека овие резултати се тесно поврзани со работата на Министерството за економија и труд предводено од министерот Бесар Дурмиши, кој од првиот ден е фокусиран на подобрување на деловната клима и стимулирање на инвестициите.
Според нив, преземените мерки веќе даваат резултати – се создаваат нови работни места, се јакне економската активност и се поттикнува растот на продуктивноста.
„Растот ја покажува разликата. ВАЛЕН ќе продолжи да обезбедува оваа промена да се продлабочува секој ден,“ порачуваат од движењето.









