7.8 C
Skopje
11 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Проектот ‘Цветан Димов’ доби зелено светло – стартува решавањето на едно...

ВЛЕН: Проектот ‘Цветан Димов’ доби зелено светло – стартува решавањето на едно од најтешките сообраќајни жаришта во Чаир

- Advertisement -spot_img

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје со мнозинство гласови ја поддржаа одлуката големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир да продолжи кон фаза на реализација, како проект од витално значење за жителите на општината.

Со донесувањето на оваа одлука се отвора патот за решавање на едно од најкритичните сообраќајни жаришта во Скопје, каде секојдневно илјадници граѓани се соочуваат со сериозни сообраќајни гужви и застои.Зад оваа одлука, како што се наведува, стои исполнувањето на ветувањето на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Маџити, кој уште од почетокот на мандатот ја постави реконструкцијата и уредувањето на улицата „Цветан Димов“ како еден од своите највисоки приоритети, трансформирајќи го проектот од предизборно ветување во конкретна реализација.

Проектот ќе се реализира во рамки на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Чаир, и ќе опфати делница од крстосницата со улицата „Никола Карев“ до крстосницата со улицата „Џон Кенеди“. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 150 милиони денари, а рокот за реализација е предвиден во периодот 2026–2028 година.Од коалицијата ВЛЕН порачуваат дека со изгласувањето на овој проект се испраќа јасна порака за фокус на реални проблеми и инфраструктурни решенија, а не на, како што велат, продолжување на предизборната реторика и политичките пресметки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img