2.8 C
Skopje
26 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Над 100 милиони евра приходи и европски стандарди во Царината со...

ВЛЕН: Над 100 милиони евра приходи и европски стандарди во Царината со придонес на Мустафа Даути

- Advertisement -spot_img

Царинската управа на Република Северна Македонија во изминатата година оствари значајни резултати, обезбедувајќи над 100 милиони евра дополнителни приходи во државниот буџет, зајакната борба против шверцот и конкретни чекори кон усогласување со европските стандарди.
Како што соопштува Коалиција ВЛЕН, овие резултати претставуваат јасен показател дека институциите можат да функционираат ефикасно кога се водени со визија, одговорност и професионалност. Посебен придонес во овој процес, според ВЛЕН, има Мустафа Даут, заменик-директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.


Во текот на годината, Царината потпиша значајни меморандуми за соработка со институции од Бугарија, Турција, Косово и Србија, со што се зајакна регионалната и меѓународната координација во спречувањето на нелегалната трговија. Дополнително, беше имплементиран и концептот „One Stop Shop“ на клучни гранични премини, што овозможи побрз проток на граѓаните и олеснување на легалната трговија.


Како дел од кадровската политика, реализирани се 21 нови вработувања на Албанци, што од ВЛЕН го оценуваат како конкретен чекор кон правична застапеност и реална еднаквост во институциите.
„Овие резултати се доказ дека кога институциите се водат со интегритет и професионализам, државата и граѓаните добиваат, а правдата се зајакнува“, истакнуваат од ВЛЕН.


Од коалицијата нагласуваат дека нивната заложба за модерна, транспарентна и европски усогласена царинска служба продолжува, со очекување во наредната година да се постигнат уште подобри и повидливи резултати.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img