2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: ДУИ со Левица го предава достоинството на Албанците и европската иднина...

ВЛЕН: ДУИ со Левица го предава достоинството на Албанците и европската иднина на Македонија

- Advertisement -spot_img

ВЛЕН реагира дека ДУИ паднала толку ниско што веќе и не се крие, туку отворено настапува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата – ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга, велат од ВЛЕН, е печат на срамниот договор скроен од луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да се спречи победата на Менди Ќира уште во првиот изборен круг.

„Денес, како и во ‘Соба 161’ кога го дадоа спикерското место само за да останат на власт, ДУИ избра да се здружи со Левица за да ја спречи промената,“ стои во реакцијата на ВЛЕН.

Од таму додаваат дека оваа соработка е најјасен доказ дека ДУИ се оддалечила и ги изневерила потребите на Стружани. За Ахмети и неговите емисари, велат од ВЛЕН, поважна е власта отколку достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободниот глас на граѓаните.

„ДУИ избра да биде партнер на Левица. Но граѓаните на Струга избраа да бидат партнери на промената. На 19 октомври, оваа промена ќе се случи – Струга ќе стави крај на една ера на корупција и ќе отвори нова, чесна и чиста иднина со Менди Ќира,“ порача ВЛЕН.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img