-2.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН ја отвора дилемата: Што стои зад средбата Османи–Груевски во Унгарија?

ВЛЕН ја отвора дилемата: Што стои зад средбата Османи–Груевски во Унгарија?

- Advertisement -spot_img

Партијата ВЛЕН постави јавни прашања до министерот Бугар Османи, критикувајќи го за неговото присуство на средбата со Никола Груевски во Унгарија и за, како што велат, неговото минато полно со скандали и сомнежи за злоупотреби.

Неверојатно е да се слушне Османи да зборува за ‘ветинг’ и реформи, додека врз него се водат бројни ревизорски извештаи и отворени предмети во Специјалното јавно обвинителство. Како министер тој го одобрил влегувањето на МТЕЛ, при што, според нас, бил загрозен интересот на Албанците. Исто така, му овозможи на српските и црногорските компании да добијат лиценци за казина, претворајќи ја државата во терен на странски олигарси“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Партијата ги повикува јавните институции и Османи да одговорат на прашањата:• Зошто не зборува за својот личен ветинг?• Што бараше на средбата со Груевски, кој избега од правдата?• Зошто, за време на неговото владеење, Албанците биле посиромашни, потиснати и разочарани?

ВЛЕН истакнува дека со својот нов и подготвен тим ќе продолжи да се залага за реформи, транспарентност и обединување на Албанците. „Маштрините на БДИ повеќе не функционираат. На 19 октомври, Албанците ќе ја потврдат иднината: ВЛЕН е реформата, ВЛЕН е обединувањето, ВЛЕН е победата“, се додава во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img