домаЕкономијаВласта турка закон, коцкарниците се закануваат со протести

Власта турка закон, коцкарниците се закануваат со протести

- Advertisement -spot_img

Не го прифаќајте законот за игри на среќа и дајте можност за јавни расправи. Во спротивно, ќе се соочите со протести. Асоцијацијата на спортски обложувалници АСОМ со отворено писмо до пратениците, откако новиот закон вчера влезе во собраниска процедура. Од АСОМ прашуваат зошто законот повторно се носи без јавна дебата и без вклучување на експертската јавност. Предупредуваат дека рестриктивните мерки ќе предизвикаат економска катастрофа, затворање на легалниот сектор и бришење на стотици милиони евра од државниот буџет. Тврдат и дека со затворање на легалните обложувалници, играњето ќе се пресели во  илегала, а ја обвинуваат државата и за воспоставување монопол врз интернет игрите на среќа.

„Секоја власт лицемерно го злоупотребува нашиот легален бизнис сектор за сопствени агенди. Сите компании кои се членки на АСОМ се врвно професионални и доследно ги почитуваат законите. Сè друго е политичка игра за оцрнување на оние кои чесно придонесуваат во економијата. АСОМ цврсто порачува: Законот за затворање на легалните игри на среќа не смее да се изгласа. Бараме итно повлекување на предлог-законот од собраниска процедура и отворање на широка јавна расправа за конечно да се донесе европски и одржлив закон.“

Вработените во овој сектор најавија предупредувачки протест за в петок. Од нивното здружение Сакам да работам велат дека новите законски решенија директно ги ставаат под ризик работните места во индустријата. Откако Владата минатата недела го утврди текстот на новиот Предлог-закон за игрите на среќа, тој вчера стигна во Собранието. СДСМ засега нема конечен став дали ќе го поддржи ова решение. Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски за ТВ24 вели дека текстот го добиле вчера и допрва ќе го анализираат. Минатата недела власта демонстрираше одлучност да го донесе новиот закон за игрите на среќа. Освен оддалечувањето на коцкарниците на најмалку 500 метри од училиштата, се предвидуваат и ограничувања и забрани за рекламирање на игрите на среќа. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да дозволи градовите во земјава да изгледаат како Лас Вегас, а најави и слично законско решение и за брзите кредити.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img