Поради неможност локалната самоуправа да се справи со епидемиолошката состојба, владата прогласи 30-дневна кризна состојба во гостивар со цел, како што се наведува во соопштението, побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкус можен рок.
Попладнево во клиничката болница во гостивар во посета на хоспитализираните од труењето се министрите за внатрешни работи, за здравство и за животна средина, Тошковски, Клековски и Хоџа. Во меѓувреме, јавното обвинителство најави можност за проширување на истрагата.
Засега главно осомничени се вршителката на должност директор на гостиварски комуналец артана асани и двајцата раководители Леон Нуредини и Вадедин Дервиши. Тие денеска се изведени на судија на претходна постапка. Граѓаните гневни бараат, одговорните за ваквиот скандал да завршат зад решетки.






