HomeМакедонијаВладата организираше ифтарска вечера – Мицкоски: Почитта и соживотот се темелот на...

Владата организираше ифтарска вечера – Мицкоски: Почитта и соживотот се темелот на нашето општество

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше домаќин на ифтарска вечера организирана во име на Владата, настан кој го оцени како симбол на заедништвото и меѓусебната почит во државата.

Преку објава на социјалните мрежи, премиерот сподели дека вечерта поминала во топла атмосфера, исполнета со разговор и потврда на вредностите кои го поврзуваат македонското општество.

„Почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница“, истакна Мицкоски.

Тој упати и честитка до сите верници кои го одбележуваат месецот на постот, посакувајќи им мир, здравје и благословени денови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img